20 години помош и поддршка

20 години помош и поддршка

Помошта и поддршката се основните активности на Ла Страда и главната причина за нејзиното постоење. Основната цел на Ла Страда е да им даде поддршка и ассистенција на тргуваните лица со цел да ја повратат нивната слобода и да презевмат повторна контрола  врз нивниот живот. Потребите, ставовоте и грижите на тргуваните лица ја даваат основата на асиситенција која се обезбедува и се основа за сите останати програми. При директниот контакт со тргуваните лица тимовите на Ла Страда добиваат важни информации за нивните преживеани искуства. Ла Страда се залага да им помогне на тргуваните лица да ги постигнат нивните права и интереси.

Во последните 20 години повеќе од 230 000 јавувања беа примени на Ла Страда СОС линиите (Јавувањата на СОС линијата на Ла Страда Холандија не се земени во предвид) и повеќе од 24 000 лица добија директна поддршка.

Во рамки на Ла Страда програмата, локални, национални и интернационални мрежи беа формирани со цел да  ги подржат тргуваните лица, да им обезбедат безбедно враќање и поддршка за да превземаат повторна контрола над нивните животи. Асистенцијата вклучува социјална, психолошка  и емоционална поддршка, здравствена заштита, поддршка за време на судскиот процес, правна помош и безбедно сместување и индивидуално советување.

Целта на програмите е зајканување и социјално вклучување на тргуваните лица  во земјата дестинација или во нивната матична земја. Главните елементи на социјланата вклученост се остварување на правото на домување, социјална заштита, здравствена заштита, образование и вработување.

Сите членки на Ла Страда имаат СОС линија од кои некои се бесплатни и се достапни 24 часа. СОС линиите се главна алатка за да се дојде во контакт со луѓето кои биле тргувани или имаат потреба од асистенција и совет. Исто така, роднините и пријателите на (потенцијалните) жртви можат да се јават на СОС линијата за да добијат информации и поддршка или помош. По нивен избор јавувачите можат да останат анонимни за да ја сочуваат својата  приватност.

СОС операторите можат да обезбедат иформации за бараната земја дестинација и да корисни телефонски броеви. Исто така тие дваат совети околу безбедноста при паувањето и да понудат помош доколку е потребно. Тие можат да организираат практична, психолошка, здравствена и правна помош, да ги упатуваат жртвите во прифатилиште, да им помогнат при обезбедувањето на лична документација, да оствараат конатакти со семејствата на жртвата (доколку тие тоа го побараат) и да спроведуваат интервенција во криза. Доколку личноста  која во моментот е тргувана се јави на СОС линијата, операторот може да и обезбеди емоционална помош, да разговараат за можните опции, да ја поддржи во планирање и превземање акција, да и помогне да одлучи дали да избега или да остане и натаму во истата ситуација.

Луѓето ја контактираат Ла Страда дирекно на пример преку СОС линијата или се упатени во Ла Страда преку други институции, преку (национални или странски) здруженија на граѓани, социјални работници, теренски работници или интернационални организации. Тргуваните лица можат да бидат идентификувани преку органите на прогон, како што се полицијата, граничните служби  или јавниот обвинител. Се со цел да се обезбеди адеквантна идентификација и упатување на жртвите, сите членки на Ла Страда имаат развиено блиска соработка со овие агенции. Членките на Ла Страда обезбедуваат различни обуки за професионалците со цел обезбедување соодветна идентификација и упатување.

Некои Ла Страда организации имаат јавна адреса и се дирекно достапни за тргуваните лица и за други индивидуалци и агенции. Други Ла Страда организации работат на тајна адреса и може да бидат контактирани преку телефон.