Јавен Повик за ангажирање волонтери

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта/Ла Страда“ во рамките на својата годишна оперативна програма, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање волонтери во Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта/Ла Страда“. Отворена Порта со цел стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да се конкурира нa пазарот на трудоовт озможува волонтирање за заинтересираните студенти или дипломирани студенти од областа на социјална работа и социјална политика, психологија, право и останати сродни науки. Волонтерската работа ќе биде во времетраење од 3 месеци. Волонтерите ќе имаат можност да работат и да се стекнат со практични вештини на некоја од трите програми кои ги нуди Отворена Порта:

 

  • Информирање и лобирање
  • Превенција и едукација
  • Социјална асистенција

 

Заинтересираните кандидати да испратат свое писмо за интерес и кратка биографија по електронска пошта на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Програма за волонтирање“. Краен рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15.10.2023.