Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамки на оперативниот грант: „Слушнете го гласот на тргуваните лица и борете се против организираниот криминал“, финансиран од Европската Унија, во рамки на програмата IPA/2022 /441/142, објавува јавен повик за ангажирање на агенција за изработка и спроведување на кампања за застапување за правата на жртвите од трговија со луѓе, по повод д 18 октомври – Европски ден за борба против трговијата со луѓе.
- За Отворена порта / Ла Страда
Отворена порта/Ла Страда е национална невладина организација посветена на борбата против трговијата со луѓе. Регистриран во 2000 година, денес Отворена порта е препознаен како лидер во справувањето со овој проблем и релевантен партнер на институциите и организациите на национално и меѓународно ниво. Од својот почеток, Отворена порта сеопфатно се занимава со проблемот на трговија со луѓе преку активно учество во развојот на стратегии, политики и програми насочени кон спречување на трговија со луѓе и обезбедување подобар третман за жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија. Во исто време, организацијата работи на полето на подигање на јавната свест, едукација како превенција од трговија со луѓе и директна помош на жртвите на трговија со луѓе.
- 2. Позадина и цел на ангажманот
Отворена порта-Ла Страда има потреба да спроведе кампања за застапување за правата на жртвите од трговија со луѓе, преку организирање на низа настани, кои ќе придонесат да се подигне свеста на јавноста и донесувачите на одлики на национално и локално ниво. Настаните треба да привлечат не помалку од 500 лица со учество на млади луѓе, претставници на локалните заедници, владини и невладини организации, донатори, како и новинари. Исто така, пожелно е да се привлечат познати личности за да се искористи нивниот глас за да се покренат прашањата поврзани со правата на тргуваните лица. Кампањата треба да биде спроведена по повод Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе -18 октомври .
- ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба да спроведе:
- Промоција на филмот „Out Way“ во Скопје и уште два града.
- Сценско дизајнирање врз основа на концептот;
- Светлосни ефекти за сцената;
- Звучни ефекти за време на настани;
- Обезбедување на екрани, мултимедијална опрема и нејзино управување за време на настаните
- Организација на концептот за настаните, логистика и настапи врз основа на однапред договорени барања.
- Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.
Настаните ќе треба да се снимаат и од нив да се направи кратко промотивно видео кое ќе може да се објави на социјалните мрежи.
- ВРЕМЕНСКА РАМКА:
Спроведувањето е во период од 15 октомври до 15 ноември 2023 година.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
- Предлог концепт за кампања.
- Финансиска понуда по ставки. (За компании – Ве молиме земете предвид дека проектите финансирани од ЕУ се ослободени од ДДВ (Данок на додадена вредност). Според тоа, единечните цени кои ќе вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
- Претходно искуство на компанијата.
- Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангажирано на активноста.
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена во електронска форма.
- ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
– Претходно искуство на компанијата 30 бодови
– Предлог концепт за медиумска кампања 50 бодови
– Понудена цена 20 бодови
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во соодносот
квалитет на понуда и цена.
- ПОСТАПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати се поканети да се пријават на kontakt@lastrada.org.mk и mtodorovska@lastrada.org.mk Предмет: „Пријава за изработка и спроведување на кампања“
Крајниот рок за поднесување е 2. октомври, 2023 година, 23:59 часот.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања/ангажирања во Отворена порта Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас