ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКИ ЗА
ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ објавува јавен повик за избор на обучувач за спроведување на серија на обуки за јакнење на капацитетите и вештините за обезбедување на превенција и спротивставување од насилен екстремизам .
1. ЗА ОТВОРЕНА ПОРТА
Отворена порта – Ла Страда е здружение на граѓани, кое ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во Ла Страда Интернационална- Европска мрежа за борба против трговија со луѓе. НИЕ обезбедуваме заштита, зајакнување на капацитетите и интеграција на тргуваните лица и другите ранливи групи во општеството.
2. ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Отворена порта-Ла Страда има потреба од ангажирање на обучувач/и за спроведување на обуки насочена кон превенција и спречување на насилен екстремизам. Обуките треба да обезбедат едукативна и информативна содржина заедно со практични совети насочени кон градење на капацитетите на претставници од општините и граѓанскиот сектор и поттикнување чувствителен пристап кон локалните лидери и членовите на заедница. Програмата за обука треба да ги содржи следниве неколку модули: а.) Спречување на насилен екстремизам (спречи, заштити, следење и одговори); б.) Радикализација и насилен екстремизам (причини и последици); в.) Заштита – Правни рамки (Човекови права и спречување на насилен екстремизам); г.) Враќање на мирот (Олеснување и закрепнување); д.) Програма за R&R (психолошко или семејно советување, стручна обука и вработување, образование, културни и рекреативни активности и менторство).
2.1. Избраниот обучувач/и ќе биде одговорен за следново:
• Дизајнирање и спроведување на обуки кои се партиципативни, користејќи ги принципите и практиките за образование на возрасни, како што се групна дискусија, играње улоги и дискусија за студија на случај.
• Обезбедување на насоки и поддршка за учесниците во разбирањето на клучните концепти поврзани со спречување и спротивставување на насилниот екстремизам.
• Водење на дискусии за причините и последиците од радикализацијата и насилниот екстремизам, како и за законските рамки и размислувањата за човековите права поврзани со напорите за заштита.
2.2 . Испораки
• Креирање на програма за обуките
• Спроведување на обуки за најмалку 60 претставници од општини и граѓански организации (најмалку 15 учесници на секоја обука/ работилница)
• Изготвување на извештај од обуките/работилниците.
3. КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
Бараме обучувач/и со искуство и знаење во областа :
• Искуство во испорака на обуки
• Високо образование од областа на безбедност, правни и политички науки, психологија, социологија и слични области.
• Превенција и спротивставување на насилниот екстремизам
• Човекови права и правни рамки
• Градење мир и решавање на конфликти
• Родови прашања и улогите на жените во спречувањето на насилниот екстремизам
• Вештини во развој на образование и обука, наставни програми или создавање образовни ресурси
• Способност за соработка во тимски амбиент
4. ВРЕМЕНСКА РАМКА: Експертот/те се очекува да започнат со работа од 10 мај 2024 година и да заврши со задача до 1 јуни 2024 година.
5. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Заинтересираните страни треба да ги достават следниве документи:
• Предлог програма
• Биографија на обучувачот/ите
• Финансиска понуда – Бруто износ вклучувајќи персонален данок на доход за
Апликацијата се поднесува по електронска пошта на kontakt@lastrada.org.mk иmtodorovska@lastrada.org.mk со назнака „Апликација за обучувач за испорака на обуки“ најдоцна до 05 мај 2024 година.
Апликациите поднесени по овој рок нема да бидат разгледувани.
За прашања или појаснувања во врска со овој повик, ве молиме контактирајте на: bjovanovska@lastrada.org.mk
Нарачателот ќе стапи во контакт и комуникација само со понудувачот/експертот чија понуда ќе биде избрана од страна на комисијата. Во зависност од понудените цени, нарачателот може да прифати целосно или делумно пристигната понуда. Нарачателот го задржува правото да не избере ниту една од пријавените понуди.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања/ангажирања во Отворена порта Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.