Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда како дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија IV“, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, објавува повик за избор на најповолен понудувач за изработка на кратко видео и промоција на кампања. Отворена порта бара предлози од искусни компании во видео продукција за создавање на кратко видео кое ќе ги прикаже резултатите од спроведен проект и активности.
Понудите треба да содржат:
- План за подготовка на видеото
- План за имплементација на медиумската кампања (со вклучена временска рамка)
- Портфолио на агенцијата/тимот со наведени претходни проекти од сличен карактер
- Финансиска понуда
Понудите треба да се достават по електронски пат на kontakt@lastrada.org.mk најдоцна до 05 јуни 2024 година, со назнака „Апликација за изработка на кратко видео“. Повикот погледнете на ледниов линк: _Јавен повик