Ла Страда НВО Платформа
8мата Ла Страда НВО Платформа – ,,Обединети против трговијата со луѓе,,која се одржа од 27-28 мај 2015, во Скопје, ги собра на едно место невладините организации од регионот и Европа кои што работат на спречување на трговијата со луѓе со цел практичното искуство од терен да го претворат во заедничка акција која што ќе предизвика промени на национално и меѓународно ниво.
НВО Платформата беше иницирана во 2005 година се со цел да им овозможи на Европските организации кои се борат против трговијата со луѓе да ја зајакнат нивната соработка за лобирање, подигање на свеста, превенција и дирекна подршка на тргуваните лица. Во мометнтот платформата се состои од 28 Европски НВО членови.
Овогодишниот состанок на La Strada Платформата и партерите беше одраз на сето она што беше постигнато во минатото прикажано помеѓу другото и со ГодишенLa Strada времепол, и истовремено се дискутираше за идните потреби, за содветна заштита и подршка на тргуваните лица.
На постоечките работилници се дискутираше на следниве теми: Потребите на тргуваните лица; раната идентификација на тргуваните лица како предуслов за нивно препознавање како жртви и консеквентно на тоа пристап до помош и заштита; мониторинг на политиките за борба против трговија со луѓе; соработка со приватниот сектор и нивно вклучување во превенција од експлоатација на трудот. Гледајќи наназад на она што е постигнато и што треба доправа да се направи кои се предизиците, се дојде со следниве заклучоци и препораки кои можете да ги проследите на следниов линк.
- Треба да се зацврсти соработката на сите нивоа со цел да се дојде до вистинки промени при што: тргуваните лица и ризичните групи ќе можат да ги остварат своите права; промени во политиките и мерките за борба против трговијата со луѓе, така што правата на жртвите ќе се почитуваат; промена во меѓународната дебата со цел признавање на правата на жените, мигрантите и работниците кои треба да бидат во основата на политиките против трговијата со луѓе; да се направат структурните промени кои се потребни за да навистина се справиме со основните причини за трговија со луѓе. Сите овие елементи се дел од новиот стратешки план на Ла Страда за кој невладините дел од ЛС Платформата искажаа посветеност во неговото спроведување.
- Зајакнување на гласот на невладините организации и нивната позиција и нивно обединување со цел активно следење на спроведувањето на политиките и програмите против трговијата со луѓе преку употреба на мониторинг алатки, организирање на национални мониторинг НВО мрежи и соработка со останати организации и институции.
- Ефективна идентификација на тргуваните лица на сите нивоа (неофицијална, официјална и самоидентификација) во која НВО имаат релевантна улога, размена на успешни практики во идентификација и развивање и употреба на општи и специфични индикатори за идентификација на национално ниво.
- Заеднички иницијативи на Европско ниво за проценка на потребите на лицата жртви на трговијата и давателите на услуги, со цел да се види дали услугите се уште ги задоволат потребите на жртвите и да се истражат прашањата како што се родовата димензија, нови идентификувани групи на трговија со луѓе, како и кои потреби на жртвите треба да бидат исполнети од страна на други чинители.
- Бизнис заедницата треба да се вклучи во превенцијата од трговија со луѓе и да ја обезбеди истата во нивните ланци на снабдување. Во следните 5 години, Ла Страда би сакале да ја разгледа критички улогата на бизнисите и да подготви стратегија како да ги вклучи понатаму заедно со другите невладини организации, особено оние кои се обединети во НВО платформата.