19ти Јуни – Меѓународен ден за елиминација на сексуалното насилство во конфликти

📢19ти Јуни – Меѓународен ден за елиминација на сексуалното насилство во конфликти
Сексуално вознемирување и родово базиран говор на омраза.
Секој нов бран на конфликт со себе носи зголемен бран на човечка трагедија, вклучувајќи ги и новите бранови на воените најстари, најзамолчени и најмалку осудени злосторства – сексуалното насилство.
Сексуалното насилство поврзано со конфликти, без разлика дали се работи за жени, девојчиња, мажи или момчиња во сета нивна различност, продолжува да се користи како тактика на војна, тортура и тероризам во услови на продлабочување на политичките и безбедносните кризи, надополнети со милитаризацијата и незаконското ширење на оружје.
Новите кризи се намножија како што се продлабочуваа вкоренетите конфликти, што резултираше со намалување на граѓанскиот простор и зголемени репресалии против бранителите на човековите права, активистите и новинарите.
Сексуалното вознемирување и родовиот говор на омраза се зголемија во дигиталниот простор. Додека употребата на информатичката и комуникациската технологија придонесе за зајакнување на жените и девојките и другите групи во ранливи ситуации, нејзината употреба исто така овозможи ширење на насилство.
Во некои средини, вознемирувачките трендови на родово базиран говор на омраза и поттикнување на насилство поттикнаа конфликти во кои силувањето и другите форми на сексуално насилство се користат за понижување и дестабилизирање на целните заедници. Говорот на омраза – вклучително и онлајн – стана еден од најчестите начини за ширење на реторика на поделби на глобално ниво.