Јавен повик за арт терапевт

ОГЛАС ЗА АРТ ТЕРАПЕВТ

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта/Ла Страда е здружение кое 22 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка како и на застапување на жртвите од трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во регионот е дел од Интернационалната асоцијација Ла Страда која е европска НВО мрежа против трговија со луѓе. Здружението Отворена Порта/ Ла Страда ги застапува жртвите на трговија со луѓе и има активна улога во креирање на национални политики.

Отворена порта не е само организација туку движење кое им дава глас на најранливите.

 

АРТ ТЕРАПЕВТ

Опис на работата:

Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за арт терапевт во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 17 јули до 31 декември 2023 година.

Арт терапевтот, во тесна координација и соработка со проектниот координатор, ќе биде одговорен за спроведување на вкупно 22 работилници со времетраење од 4 часа. Арт терапевтот ќе биде со работно мество во ПЦ. Поспецифично работните обврски на арт терапевтот се следните:

  • Планирање и спроведување на сесии за арт терапија кои се однесуваат на траумата, стресот и предизвиците на културното прилагодување.
  • Олеснување на безбедно и поддржувачко опкружување каде што барателите на азил ќе можат да се изразат преку различни уметнички техники.
  • Соработка со други членови на тимот за да се интегрира арт терапијата во севкупните услуги за поддршка.
  • Оценување на ефективноста на работилниците и правење прилагодувања по потреба за да се задоволат потребите на учесниците.
  • Одржување на соодветна документација за сите сесии и интеракции.
  • Доверливот и дискреција при третирањето на случите и информациите добиени во текот на сесиите.
  • Помош и поддршка на координаторот на проектот во организирање на Новогодишен Базар во месец декември.
  • Блиска соработка и координација за сите активности со координаторот на проектот и релевантниот персонал на прифатниот центар.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Диплома за арт терапија или поврзана област, со релевантни сертификати и лиценци.
  • Работно искуство со работа со ранлива категорија, маргинализирани групи, вклучувајќи бегалци, мигранти или баратели на азил.
  • Солидно разбирање за пристапите информирани за траума и културната чувствителност.
  • Познавање на различни уметнички медиуми и терапевтски техники.
  • Солидни интерперсонални и комуникациски вештини, со способност за создавање безбеден и инклузивен простор.
  • Основни познавања на Microsoft Оffice;
  • Солидни познавања на англискиот јазик;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;

Бруто плата по сесија изнесува 4,120,00 денари. Работното време е 4 часа по сесија.

Поднесување апликации најдоцна до 05 јули до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за арт терапевт“ за проектот „Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“.  Кандидатот/ката потребно е да приложи:

  • Биографија на македонски јазик,
  • Писмо за мотивација на македонски јазик,
  • Потврда за завршено образование, сертификати и лиценци и
  • Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

Отворена Порта/Ла Страда гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус,  бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.