ОГЛАС ЗА СПОРТСКИ ТРЕНЕР
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта/Ла Страда е здружение кое 22 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка како и на застапување на жртвите од трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во регионот е дел од Интернационалната асоцијација Ла Страда која е европска НВО мрежа против трговија со луѓе. Здружението Отворена Порта/ Ла Страда ги застапува жртвите на трговија со луѓе и има активна улога во креирање на национални политики.
Отворена порта не е само организација туку движење кое им дава глас на најранливите.
СПОРТСКИ ТРЕНЕР
Опис на работата:
Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за спортски тренер во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 17 јули до 31 декември 2023 година.
Спортскиот тренер, во тесна координација и соработка со проектниот координатор, ќе биде одговорен за спроведување на вкупно 23 работилници со времетраење од 4 часа. Спортскиот тренер ќе биде со работно мество во ПЦ. Поспецифично работните обврски на спортскиот тренер се следните:
- Планирање и спроведување на спортски работилници за барателите на азил во прифатниот центар.
- Спроведување на основните спортски техники, и објаснување на правила и стратегии во различни спортови.
- Создавање на сигурна и инклузивна средина каде што учесниците се чувствуваат удобно и мотивирани да учествуваат.
- Негување на тимска работа, соработка и меѓусебно почитување меѓу барателите на азил.
- Промовирање на физичката кондиција, здравјето и целокупната благосостојба преку спортски активности.
- Оценување на ефективноста на работилниците и правење прилагодувања по потреба за да се задоволат потребите на учесниците.
- Следење на напредокот, проценка ни индивидуалните и групните перформанси и давање на конструктивна повратна информација.
- Соработување со другите членови на тимот за организирање на спортски настани, турнири и пријателски натпревари.
- Одржување на соодветна документација за сите работилници и интеракции.
- Доверливот и дискреција при третирањето на случите и информациите добиени во текот на работилниците.
- Блиска соработка и координација за сите активности со координаторот на проектот и релевантниот персонал на прифатниот центар.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Искуство како спортски тренер
- Валидни сертификати за спортски тренинзи или тренер.
- Познавање на широк спектар на спортови и спортски активности
- Работно искуство со работа со ранлива категорија, маргинализирани групи, вклучувајќи бегалци, мигранти или баратели на азил.
- Способност да се прилагодат методите за обука за да одговараат на различни нивоа на вештини и способности.
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Солидни интерперсонални и комуникациски вештини, со способност за создавање безбеден и инклузивен простор.
- Чувствителност на културното потекло и искуствата на барателите на азил.
- Основни познавања на Microsoft Оffice;
- Солидни познавања на англискиот јазик;
Бруто плата по сесија изнесува 4,120,00 денари. Работното време е 4 часа по сесија.
Поднесување апликации најдоцна до 05 јули до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за спортски тренер“ за проектот „Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“. Кандидатот/ката потребно е да приложи:
- Биографија на македонски јазик,
- Писмо за мотивација на македонски јазик,
- Потврда за завршено образование, сертификати и лиценци и
- Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
Отворена Порта/Ла Страда гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.