ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА

ОБУКА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА 

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамки на оперативниот грант: „Слушнете го гласот на тргуваните лица и борете се против организираниот криминал“, финансиран од Европската Унија,  во рамки на програмата IPA/2022 /441/142, објавува јавен повик за избор на обучувач за спроведување на еднодневна обука за истражување и анализа со цел успешно застапување врз основа на факти и податоци .

  1. ЗА ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА

Отворена порта/Ла Страда е национална невладина организација посветена на борбата против трговијата со луѓе. Регистриран во 2000 година, денес  Отворена порта е препознаен како лидер во справувањето со овој проблем и релевантен партнер на институциите и организациите на национално и меѓународно ниво. Од својот почеток, Отворена порта сеопфатно се занимава со проблемот на трговија со луѓе преку активно учество во развојот на стратегии, политики и програми насочени кон спречување на трговија со луѓе и обезбедување подобар третман за жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија. Во исто време, организацијата работи на полето на подигање на јавната свест, едукација и превенција од трговија со луѓе и директна помош на жртвите на трговија со луѓе.

  1. ПОЗАДИНА И ЦЕЛ НА АНГАЖМАНОТ

Отворена порта-Ла Страда  има потреба од квалификуван и искусен обучувач за спроведување на еднодневна обука за истражување и анализа. Обуката има за цел да ги зајакне граѓанските организации кои имаат основно до просечно искуство во истражувања и застапување, за да земат активно учество во процесите на креирање политики на национално ниво. Оваа обука е наменета за граѓански организации кои имаат тематска експертиза во области како што се владеење на правото, антидискриминација, човекови права, родови прашања, кои се дел од Националната платформа за борба против трговија со луѓе.

  1. ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Од избраниот обучувач се очекува да ги спроведе следниве задачи :

а. Да развие и испорача висококвалитетен модул за обука за истражување и анализа прилагодени на потребите на организација.

б. Да го зајакне нашиот тим и партнерите (учесниците на обуката) со знаења и вештини потребни за спроведување истражување и застапување во областа на трговијата со луѓе и организираниот криминал.

в. Да поттикне подлабоко разбирање на методологиите за истражување, собирање податоци, анализа и стратегии за застапување.

г. Да обезбеди поддршка и менторство на нашиот тим и партнери додека спроведуваат проекти за истражување и застапување.

д. Да вклучи практични вежби и студии на случај за да се засили практичната вештина на учесниците.

ѓ. Да обезбеди упатства и материјали  за најдобрите практики во собирањето на податоци, анализата и подготовка на извештај.

е. Да спроведе евалуацијата на обуката од страна на учесниците.

ж. Да подготви завршен извештај за обуката и ефективноста на програмата .

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Очекуваното времетраење на ангажманот е период од еден  месец  за спроведување на најмалку еднодневна обука и  менторски сесии. Точниот распоред ќе се договори во взаемна согласност со избраниот обучувач.

  1. КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ

Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:

а. Докажано искуство во спроведување на истражувања и анализи, со фокус на трговијата со луѓе и организираниот криминал, социјална заштита

б. Експертиза во методологии на истражување, собирање податоци и анализа.

в. Силни презентациски и фасилитаторски вештини.

г. Способност за ефективно работење со различни групи учесници.

д. Одлични комуникациски и интерперсонални вештини.

ѓ. Познавање на областа на трговија со луѓе и организиран криминал во Северна Македонија е предност.

  1. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Заинтересираните лица треба да ги достават следниве документи:

а. Детална биографија која ги истакнува релевантните искуства и квалификации.

б. Краток Модул за еднодневна обука и менторски сесии.

в. Референци од претходни клиенти или организации.

Г. Финансиска понуда (цена по ден), без ДДВ Ве молиме земете предвид дека проектите финансирани од ЕУ се ослободени од ДДВ (Данок на додадена вредност).

За индивидуи/експерти – Бруто износ вклучувајќи персонален данок на доход

по електронска пошта kontakt@lastrada.org.mk на и mtodorovska@lastrada.org.mk со назнака „Апликација за обучувач за спроведување на обука“ до 16.11.2023 година.

  1. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР

Предлозите ќе бидат избрани од комисија од Отворена порта

Критериуми за избор на понудувач се:

  • Квалитет на предлог модул
  • Квалификации и претходно искуство во слични ангажмани
  • Финансиска понуда

Нарачателот ќе стапи во контакт и комуникација само со понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на комисијата. Во зависност од понудените цени, нарачателот може да прифати целосно или делумно пристигната понуда. Нарачателот го задржува правото да не избере ниту една од пријавените понуди.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања/ангажирања во Отворена порта Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас