ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА ИЛИ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ

 

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамките на проектот:  Активно вклучување и влијание на граѓанското општество државни и недржавни чинители во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата IPA/2022/434-553, објавува јавен повик за изработка на онлајн алатка за превенција и спречување на насилен екстремизам.

 ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Заинтересираните страни треба да ги достават следниве документи:

  • Предлог идеја
  • Портфолио на компанијата или (биографија на апликантот/ите)
  • Финансиска понуда (цена по ден), без ДДВ – Се бара од заинтересираните страни да достават детален предлог буџет, вклучувајќи ги сите трошоци поврзани со развојот и промоцијата на онлајн алатката.

За компании – Ве молиме земете предвид дека проектите финансирани од ЕУ се ослободени од ДДВ (Данок на додадена вредност). Според тоа, единечните цени кои ќе вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

За индивидуи/експерти – Бруто износ вклучувајќи персонален данок на доход

Апликацијата се поднесува во хартиена форма во еден примерок и снимена документација на УСБ во затворен коверт со назнака:

НЕ ОТВОРАЈ  „Повик за изработка на онлајн алатка “ до 15.октомври,  2023 година до 16:00 часот . 

Рокот на поднесување на аликациите е продолжен до 13. ноември.2023 година до 16:00 часот . 

Адреса:

НВО Отворена порта

ул. Бахар Моис бр.5а, општина Карпош, 1000 Скопје

 Апликациите поднесени по овој рок нема да бидат разгледувани.

За прашања или појаснувања во врска со овој повик, ве молиме контактирајте на: bjovanovska@lastrada.org.mk

Целиот јавен повикПОВИК ЗА изрботка на интернет апликација 2