Балкан Делувај Сега –против трговијата со луѓе !-2

“Балкан Делувај Сега –против трговијата со луѓе !-2

Од јануари 2015 година, Отворена Порта започна да ја спроведува втората фаза од проектот “Балкан Делувај Сега –против трговијата со луѓе ! Проектот е имплементиран во партнерство со неколку граѓански здруженија од Балканот и тоа АСТРА – акција против трговијата со луѓе ( Србија), Партнерството за општествен развој(Хрватска) и Емаус ( Босна и Херцеговина ), во партнерство од Ла Страда Интернационална и финансиски поддржан од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија.

Целта на проектот е да придонесе во влијанието на граѓанското општество да дебатира за човековите права и законска регулатива за организиран криминал, со посебен акцент на трговијата со луѓе. Проектот ќе ги оценува постоечките правни механизми, процедури и практики во однос на третманот на тргуваните лица, и ќе се насочи кон развој и лобирање за нови алатки и предлози кои што ќе обезбедат покрај другото ефективни механизми за надомест на штета.
Во рамките на проектот, сите невладини организации со изготвената мониториг алатка ќе ја следат националната состојба со поддршка од граѓанското општество, која што ќе биде прилагодена и пилотирана со цел да се обезбедат ефективени судски постапки. Понатаму, предвидено е изготвување на анализа за државниот фонд за компезација во четирите земји, градење на коалиција со државните институции и носители на одлуки, обуки за судиите и јавните обвинители и медиумска кампања.