Со големо задоволство ја објавуваме нашата претстојна соработка со Советот на Европа, како едни од грантистите на иницијатива за соработка на Европската унија и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција – “Хоризонтални инструменти за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facilities II) 2019-2022 година.
Трговијата со луѓе е сериозен и комплексен проблем и една од растечките форми на организиран криминал на глобално ниво. Процесот на трговија со луѓе подразбира експлоатација на човечкото тело и труд, кршење на најосновните човекови права – од ограничување на комуникацијата и движењето, до насилство и злоупотреба.
Трудовата експлоатација е една од најчестите форми на трговија со луѓе во Северна Македонија и на глобално ниво. Со цел да се намали ризикот од трговија со луѓе заради трудова експлоатација, во наредниот период, Отворена порта Ла Страда со поддршка на Европската унија и Советот на Европа ќе работи на подигање на јавната свест за зголемување на знаењето и важните информации за трговија со луѓе со посебебен акцент на трудовата експлоатација кај јавноста, вклучително и младите;
Покрај тоа, акцијата ќе има за цел да ги информира младите за тоа како да се спречи нивното прифаќање на измамни и неадекватни понуди за работа и како да се филтрираат лажни вести во Северна Македонија и во странство.
Во наредниот период ќе добиете повеќе информации во врска со проектот, дотогаш ве охрабруваме да ги посетите онлајн платформите – веб-страницата на програмата „Хоризонталени инстументи“ и останатите платформи на социјалните медиуми (Твитер и Фејсбук) зада се информирате за нивните досегашни и тековни активности и проекти .