Јавен Повик за Графички Дизајнери!

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе во рамките на проектот „Превенција од трговија со луѓе со цел трудова експлоатација- Можност или експлоатација” објавува повик за изработка на предлог графички дизајн кој ќе биде дел од медиумска кампања. Реализацијата на проектот е овозжена од  Европската унија и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција – “Хоризонтални инструменти за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facilities II) 2019-2022 година. 

 

За Кампањата

Трговијата со луѓе е сериозен и комплексен проблем и една од растечките форми на организиран криминал на глобално ниво. Процесот на трговија со луѓе подразбира експлоатација на човечкото тело и труд, кршење на основните човекови права – од ограничување на слободата и движењето, до насилство и злоупотреба. Република Северна Македонија служи како земја на транзит и дестинација за жртви на трговија со луѓе. За жал, таа е исто така и земја на потекло. Постојат случаи на т.н. „внатрешна“ трговија со луѓе, македонски државјани се тргувани во рамките на земјата и тоа најчесто деца. Старосната граница на жртвите е драстично намалена и најчесто жртвите се на возраст меѓу 13 и 17 години.

Трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација е една од честите форми на трговија со луѓе во Северна Македонија и на глобално ниво. Со цел да се намали ризикот од трговија со луѓе заради трудова експлоатација, Отворена Порта ќе работи кон подигање на јавната свеста за заштита од трговија со луѓе.

Една од целите на акцијата ќе биде информирање и подигање на јавната свест кај младите за нивната изложеност кон лажни вести на интернет со посебен акцент на огласи за работа и сезонска работа во земјата и во странство.

 

За Дизајнот

Отворена Порта ја цени креативната слободна на уметниците и сметаме дека графичкиот дизајн – како еден најмодерните и популарните форми на уметност може да служи како силна алатка за подигање на свеста на јавноста, а посебно на младите, за важни теми во областа на човековите права и слободи.  Токму поради ова одлучивме да не ставаме “граници” во слободата на дизајнерите.

Овој повик нема ограничување во однос на формата на продуктот – дизајнерите ја имаат слободата да аплицираат со било каков облик на дизајн: постер, стикер, билборд, тетратка, торба, ранец, амбалажа итн.

Потребно е дизајнот да е прилагодлив за повеќе површини за негова понатамошна употреба во превентивни материјали за целите на проектот.

Дизајнот треба да служи за подигнување на свеста на јавноста на темата трудова експлоатација и трговија со луѓе, начини на заштита, опасноста на несигурните огласи и сл.

3 идејни решенија ќе бидат избрани како победнички од специјализирано жири и онјлајн гласање. Трите победнички графички дизајни и ќе добијат парични награди: прва награда 350 евра, втора награда 250 евра, трета награда 150 евра, додека пак останатите предлози ќе бидат изложени и промовирани на платформите и јавните настаните на Отворена Порта Ла Страда како дел од проектот „Превенција од трговија со луѓе со цел трудова експлоатација- Можност или експлоатација”.

 

Начин на аплицирање

Вашите идејни решенија испратете ги на stojne@lastrada.org.mk ; jana@lastrada.org.mk со кратко објаснување за идејата позади нив и назнака -“Јавен Повик – графички дизајн” најдоцна до  15.05.2020

Доколку имате прашања во врска со темата, контекстот, начинот на аплицирање или било што околу повикот контактирајте не на 071 324 692 или на горенаведените меил адреси.

 

„Хоризонтални инструменти за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ е заедничка иницијатива на Европската унија и Советот на Европа која им овозможува на корисниците да ги исполнат своите агенди за реформи во областа на човековите права, владеење на правото и демократијата и во согласност со европските стандарди, вклучително и кога е соодветно во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Оваа тригодишна програма опфаќа активности во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција, како и Косово * и ја спроведува Советот на Европа од мај 2019 година.
* Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата на ОН 1244 и Мислењето на МСП за косовската декларација за независност.

Овој повик е изработен со заеднички средства од Европската Унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истиот го одразуваат мислењето на Советот на Европа или на Европската Унија.