Инфо Сесија – ИРИС Вмрежување

Поддршка за проекти на организациите на граѓанското општество(ОГО) –даватели на социјални услуги во ЈИЕ во рамките на проектот „ИРИС ВМРЕЖУВАње – ОГО за заштита – управување со чувствителна миграција“ Комитетот за проценка на проектите од мрежата ИРИС одлучи да поддржи вкупно 25 проекти во 5 земји-проекти: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

 

 

 

Отворена порта, денес (09.10.2019), оддржа инфо сесија со сите грантисти од С.Македонија: Асоцијација Ластовица, МЗМП, Младинска Алијанса – Тетово, ДендоВас и Легис. Имплементацијата на проектите започна во јули 2019тата година а оваа инфо сесија служеше за подобро запознавање, зајакнување на нивната понатамошна работа а и согледување на моменталниот тек на нивните проекти.

 

 

 

 

 

Секој поединечен проект се занимава со важни социјални тематики и цели кон зајакнување на граѓанското општество и програмите за социјална заштита.