Придружете се на тимот на Отворена Порта – Ла Страда, и бидете дел од нашата мисија за борба против трговијата со луѓе и обезбедување витална поддршка на преживеаните. Аплицирајте на повикот за Координатор на Центарот за жртви на трговија со луѓе и бидете дел од нашиот посветен тим!
Позиција: Координатор на Центарот за жртви на трговија со луѓе – Прифатилиште
Организација: Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе “Отворена Порта”
Локација на позицијата: Централна канцеларија на Отворена Порта / Прифатилиште / Теренска работа
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат квалификациите и ги поседуваат потребните квалификации и искуства може да го испратат своето CV на email: lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за Координатор на Центарот за жртви на трговија со луѓе – Прифатилиште “
Прочитајте повеќе за повикот на ПДФ документот.