Оглас за вработување – социјален работник

ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта/Ла Страда е здружение кое 23 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка како и на застапување на жртвите од трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во регионот е дел од Интернационалната асоцијација Ла Страда која е европска НВО мрежа против трговија со луѓе. Здружението Отворена Порта/ Ла Страда ги застапува жртвите на трговија со луѓе и има активна улога во креирање на национални политики.

Отворена порта не е само организација туку движење кое им дава глас на најранливите.

СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК

Опис на работата:

Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за социјален работник со целосно работно време во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 15.04 до 31.12.2024 со можност за продолжување на ангажманот во текот на 2025 година.

Социјалниот работник, во тесна координација и соработка со проектниот координатор, ќе биде одговорен да ги поддржи и да одговори на сите оперативни и административни работи поврзани со проектните активности. Имено, социјалниот работник ќе биде одговорен да помогне во реализација на сите активности организирани во и надвор од ПЦ. Социјалниот работник ќе биде со работно мество во ПЦ. Поспецифично работните обврски на социјалниот работник/чка се следните:

  • Да одржува континуирана комуникација со барателите на азил, со цел советување и помош при нивен пристап до соодветни услуги, вклучувајќи медицински услуги, стручна обука, социјални активности и социјална поддршка.
  • Директна соработка и координација со стручниот тим и менаџментот на ПЦ Визбегово
  • Директна соработка и координација со претставниците на Македонското здружението на млади правници (МЗПМ) присутни во ПЦ за сите прашања поврзани со постапката за азил на корисниците.
  • Планирање и реализација на проектните активности во и надвор од центарот.
  • Решавање на специфичните потреби и прашања поврзани со благосостојбата и добробитта на барателите на азил.
  • Инклузивност за сите баратели на азил, мажи, жени, девојчиња и момчиња, од сите возрасти, националност, потекло и способности во оценувањето, планирањето и спроведувањето на сите заштитни, социјални и образовни активности.
  • Идентификување и утврдување на специфичните потреби на барателите на азил кои влегуваат во групата на ранлива категорија на луѓе, вклучително постари лица, лица со попреченост, деца без придружба и разделени деца, самохрани родители, жртви на насилство, трговија со луѓе и сексуално и родово базирано насилство.
  • Помош и подршка при процесот на транзиција од ПЦ во приватно сместување преку давање на информации, совети и насоки на засегнатите лица.
  • Давање редовни информирмации на координаторот на проектот за развојот, активностите и потребите на барателите на азил.
  • Водење евиденција и давање препораки за потребни материјали и средства за активностите на прокетот, како и утврдување и давање на конкретни препораки за можно вклучување на барателите на азил во специфични курсеви за образование и стручна обука.
  • Останати обврски според потребите и динамиката на проектните активности.

 

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование (социјална работа и политика);
  • Најмалку 2-годишно професионално искуство во областа на социјална работа;
  • Познавања на закони, политики и програми поврзани со бегалци и баратели на азил;
  • Основни познавања на Microsoft Оffice;
  • Солидни познавања на англискиот јазик;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

Основната бруто плата изнесува 40.000,00 денари. Работното време е 40 часа во неделата.

Поднесување апликации  на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за социјален работник“ за проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби “.  Кандидатот/ката потребно е да приложи:

  • Биографија на македонски јазик,
  • Писмо за мотивација на македонски јазик,
  • Потврда за завршено високо образование и
  • Две препораки од претходните работни места.
  • Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

Отворена Порта/Ла Страда гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус,  бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Огласот можете да го најдете на следниот линк.