Не ми го одземајте моето детствo

Проектот „Не ми го одземајте моето детство“, чија што цел е да придонесе кон зголемување на превенцијата и заштитата на децата Роми во Македонија од принудни/детски бракови и трговија со луѓе, продолжи да се спроведува и во 2015 година. Во текот на јануари-март 2015 година, беа реализирани 3 едукативни работилници со деца и родители во Штип, Скопје и Делчево на тема Да се мажам или не и Ајде да раздовараме за раните детски бракови.  Во овој период беа спроведени и 2 работилници со децата од Центрите за деца на улица од Автокоманда и Кисела Вода.

Работилниците кои се спроведоа со децата имаат за цел да покренат дискусија за  негативните последици и ризици по однос на психо- физичкиот раст и развој на децата кои произлегуваат од раните детски бракови, како и нивната поврзаност со насилството, трговијата со луѓе и сиромаштијата.

Работилниците кои што беа наменети за родителите од ризичната целна група, имаат за цел да ја подигнат свеста на родителите за негативните последици од раните детски бракови и нивната поврзаност со трговијата со луѓе и законската регулатива во Р.Македонија. Дополнително, дискусијата беше фокусирана кон поттикнување на  родителите да размилсуваат за бенефициите од образованието на своите деца и почитување на детските права.

На работилниците се делеа  маички и торбички со пораката Не ми го одземај детството и СОС бројот  0800 1111 за помош од трговија со луѓе. Овој проект е финанскиски подржан од Амбасадата на САД во Скопје.