СОС линија за информација, поддршка и заштита од трговија со луѓе
Од 1ви март 2015, Отворена порта доби финанскиска поддршка од Амбасадата на Кралството на Норвешка во Белград за проектот „СОС линија за информација, поддршка и заштита од трговија со луѓе“. СОС телефонска линија повеќе од 13 години континуирано функционира во рамките на програмите на Отворена Порта, како сервис кој што нуди информација, превенција и советување на граѓаните, тргуваните лица и нивните семејства, во Р.Македонија. Целта на СОС-линијата е намалување на ризикот од трговија со луѓе преку подигнување на јавната свест и обезбедување на информации и асистенција на СОС-јавувачите. Врз основа на услугите кои ги нуди СОС линијата таа преставува спој меѓу два значајни сегменти во борбата против трговијата со луѓе-Превенцијата и Дирекната поддршка на жртвите од трговија со луѓе. Работата на операторите на СОС линијата за помош од трговија со луѓе е регулирана на начин што обезбедува висока доверливост, достапност, стручност, одговорност и етичност.