ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  НА КАМПАЊА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И  СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамките на проектот:  Активно вклучување и влијание на граѓанското општество државни и недржавни чинители во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата IPA/2022/434-553, објавува јавен повик за изработка и спроведување на кампања за промоција на  онлајн алатка за превенција и спречување на насилен екстремизам.

ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Заинтересираните страни треба да ги достават следниве документи:

  • Детален опис на предложената идеја и стратегија за кампања ( вклучувајќи клучни пораки, временска рамка, таргетирани цели и резултати , целни групи,
  • Портфолио на компанијата или (биографија на апликантот/ите)
  • Финансиска понуда (цена по ден), без ДДВ – Се бара од заинтересираните страни да достават детален предлог буџет, вклучувајќи ги сите трошоци поврзани со кампањата.
  • За компании – Ве молиме земете предвид дека проектите финансирани од ЕУ се ослободени од ДДВ (Данок на додадена вредност). Според тоа, единечните цени кои ќе вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Апликацијата се поднесува електронски на kontakt@lastrada.org.mk „Повик за изработка на кампања за промоција на платформа“ до 27.08.2024 година.

 Апликациите поднесени по овој рок нема да бидат разгледувани.

За прашања или појаснувања во врска со овој повик, ве молиме контактирајте на: bjovanovska@lastrada.org.mk

Целиот оглас отворете го на следниов линк: ПОВИК ЗА ПРОМОЦИЈА НА ОНЛИНЕ АЛАТКА