ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, УПРАВУВАЊЕТО СО ПОДАТОЦИ И САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамки на оперативниот грант: „Слушнете го гласот на тргуваните лица и борете се против организираниот криминал“ III година, финансиран од Европската Унија, во рамки на програмата IPA III/2023/450-237, објавува јавен повик за избор на обучувач за спроведување на еднодневна обука за подобрување на разбирањето и практична примена на вештачката интелигенција, управувањето со податоци и сајбер безбедноста.
ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Заинтересираните лица треба да ги достават следниве документи:
а. Детална биографија која ги истакнува релевантните искуства и квалификации.
б. Краток Модул за еднодневна обука и онлајн менторски сесии.
в. Референци од претходни клиенти или организации.
Г. Финансиска понуда (цена по ден), без ДДВ Ве молиме земете предвид дека проектите финансирани од ЕУ се ослободени од ДДВ (Данок на додадена вредност).
За индивидуи/експерти – Бруто износ вклучувајќи персонален данок на доход
по електронска пошта: kontakt@lastrada.org.mk и mtodorovska@lastrada.org.mk со назнака „Апликација за обучувач за спроведување на обука“ до 25.08.2024 година. Целиот оглас можете да го отворите на следниов линк: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ