16.09.2022 Скопје – Презентација на првичните согледувања од истражувањето ,,Онлајн експлоатација и трговија со деца“, реализирано од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена порта.
Истражувањето се осврнува на мерење на изложеноста на децата на онлајн експлоатација и трговија со луѓе, преку мапирање на моменталната ситуација, факторите на ризик, а особено практиките на експлоатација на децата преку интернет. Истражувањето опфати по две општини од секој од осумте плански региони, со по две основни училишта и по едно средно училиште од секоја од двете општини. (48 училишта (32 основни општински училишта и 16 средни училишта)).
Од секое училиште во истражувањето се вклучени: по 2 одделенија, односно едно од VIII и едно од IX одделение од основните училишта и по еден клас од I-прва и еден од II- втора година од средните училишта, случајно одбрани по 5 класни наставници по училиште, и 1 претставник од педагошко-психолошката служба во училиштето.
Дел од добиените заклучоци од истражувањето се:
- „ Интересна“ содржина за учениците се видеа снимени со другар/ки, но и информации за некого од школо
- 42 ученици праќаат, а 118 ученици добиваат недолична содржина во инбокс, за кои не преземаат ништо, бараат помош од родител/наставник, ги покажуваат на другар/ки или ги препраќаат
- Родителите на половина од учениците не ги контролираат што прават на социјалните мрежи, мал број родители не ги одобруваат нивните профили.
- 158 ученици имале лошо искуство на интернет во форма на вознемирување, хакиран акаунт, засрамување, пристап до недолични содржини за другари или познаници, па дури и притисок од другари/ки да направат нешто на интернет што не сакаат.
- 399 ученици запознале лица во живо од оние со кои комуницирале преку интернет и притоа имало и повеќе средби од една средба, а во 110 случаи средбите биле со возрасни.
- Наставниците немаат доволно материјал и обуки на оваа тема
- Премалку се зборува за ризиците за безбедно користење на интернетот
- Потребна е поголема вклученост и заинтересираност од страна на родителите
Препораките кои ќе произлезат од истражувањето ќе бидат претставени на јавноста и на сите засегнати страни кои работат на проблемот со трговијата со луѓе и ќе се користат за креирање идни мерки за заштита на децата од сексуална експлоатација преку интернет.
Покрај промоцијата на наодите, во рамки на настанот се одржи и куса панел-дискусија со претставници на институциите, со цел заеднички да ги идентификуваме основните елементи на најдобриот пристап за намалување на онлајн експлоатацијата на децата.
Истражувањето е дел од проектот Зајакнување на услугите и ефективна помош за потенцијалните и/или жртвите на трговија со луѓе, финансиски подржан од ГИЗ