„Ве оспособува ме за спречување на трговија со млади“ , Малта

Отворена порта / Ла Страда учествуваше на обука организирана за целите на проектот „Ве оспособува ме за спречување на трговија со млади“ од 21-29 јуни 2022, во Малта. Обуката обедини млади луѓе од Северна Македонија, Малта, Канада и Романија и им даде можност да се вклучат и да научат за трговијата со луѓе.

Преку активностите младите се стекнаа со вештини за соработка, разменија искуства и практики, ги зајакнаа нивните лични и социјални компетенции и им се овозможи да го слушнат својот глас, особено за тоа како треба да се подготвуваат и реализираат политики за трговија со луѓе во нивните земји.

Ова взаемно поврзување и споделување на мислења помеѓу сочувствителни и посветени млади луѓе помогна во надградување на нивните капацитети за Граѓанско ангажирање, овозможувајќи им да се вклучат на различни начини во подигање на свеста и активното спречување на трговијата со луѓе.