Светски ден на бегалците-Работилница за оплеменување на простор

Во духот на подготовка за одбележување на светскиот ден на бегалците, Отворена Порта организираше работилница за оплеменување на просторот и дворното место во Центарот за баратели на азил – Визбегово.

Барателите на азил, со задоволство го прифатија предлогот и активно се вклучија во работилницата каде што беа посадени 50 садници со цвеќе.