
Постојат многу начини да се вклучите и ВИЕ во кампањата и да преземете акција:
🩵Бидете свесни
Информирајте се за трговијата со луѓе и кампањата Сино срце на www.unodc.org/blueheart
🩵 Бидете внимателни
Ако видите нешто што мислите дека може да биде поврзано со кривично дело трговија со луѓе, информирајте ја полицијата или повикајте локална телефонска линија за помош против трговија со луѓе 0800 11 111.
Запомнете, жртвите можат да бидат принудени на разни нешта. Може да наидете на жртва насекаде, било да е тоа на работа, патување или во вашиот приватен живот. Ако не сте сигурни, консултирајте се и информирајте ги одговорните страни наместо да ја игнорирате потенцијалната жртва.
🩵 Бидете одговорни
Едуцираjте се околу постапката на етичка потрошувачка. Информирајте се за вашиот избор и уверете се дека производите и услугите кои ги добивате не се директно или индиректно поврзани со сексуална експлоатација, принудна работа или други форми на експлоатација на лица жртви на трговија со луѓе.
🩵 Бидете поддржувачи
Следете ја кампањата Сино срце на социјалните мрежи и придружете се користејќи го хаштагот #EndHumanTrafficking. Додадете го Синото срце на вашиот профил на социјалните мрежи или покажете ја вашата солидарност со жртвите на трговија со луѓе со носење на Сино срце, достапна на unodcadvocacysection@un.org.
🩵 Вклучете се
Дознајте што сѐ се прави во вашето опкружување и што вие можете да направите за да помогнете да се стави крај на трговијата со луѓе. Охрабрете ги сите околу вас – пријателите, семејството, деловните партнери, колегите – да се едуцираат за трговијата со луѓе. Организирајте и/или учествувајте во активности за подигање на свеста користејќи го брендирањето Сино срце, особено за Светскиот ден против трговијата со луѓе на 30 јули.
🩵 Бидете сочувствителни
Со донирање во Доброволниот фонд на Обединетите нации за жртви на трговија со луѓе, можете да им помогнете на преживеаните од ова злосторство да си ги вратат животите и да ја обноват својата иднина. Доверливиот фонд обезбедува витална помош и заштита на жртвите на трговија со луѓе преку специјализирани организации ширум светот: www.unodc.org/unvt





