Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта- Ла Страда во рамките на проектот „ИРИС Вмрежување- Поврзување на граѓанските здруженија кои работат на социјална заштита на корисниците во системот за управување со миграции” објавува повик за изработка на видеа и кампања за социјалните медиуми.
Цел на кампањата
Целта на кампањата е да ја зголеми свесноста на јавноста за придонесот на граѓанските здруженија во заедницата и потребата од нивните професионални услуги посебно за ранливите категории на граѓани.
Изработка на видеа и нивна промоција на социјални медиуми
Видеата ќе бидат компилирани од секвенци од настаните кои што ќе се спроведуваат во рамките на ИРИС мрежата, на територијата на Северна Македонија, во претстојниот период и директни интервјуа со организациите членки на ИРИС мрежата. Ангажманот ќе опфати снимање на неколку локации, во затворени простории и на отворено. Видеата е потребно да бидат титлувани на англиски јазик.
Избраниот понудувач ќе има задача да изготви 4 кратки видеа со максимално времетраење од 2 минути во целосна HD резолуција, погодна за споделување на социјални медиуми.
Дополнително, доставувачот ќе треба да подготви дизајнирани изјави од членки на мрежата ИРИС кои ќе бидат дел од 1виот и 2риот дел од кампањата. Пример за дизајнирани изјави ќе бидат приложени од страна на Отворена Порта (пример од минатата кампања на овој линк)
Доставувачот ќе треба да достави детален план за едномесечна промоција и цена за спонзорства и рекламирања. Промоцијата ќе треба да се врши преку социјалните платформи на Отворена Порта (фејсбук и инстаграм) со најмалку 3 објави во неделата и на најмалку два популарни веб портали. Изведувачот ќе треба да поднесе извештај за резултатите на гледаност и промоција (придружено со доказен материјал).
Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим.
Опсег на работа и клучни задачи
- Разработка на креативен и идеен концепт кој ќе ги претстави наодите и комуникациските пораки на достапен начин;
- Снимање на видеото.
- Монтирање и продукција на снимениот материјал, титлување на видеата на англиски јазик.
- Креирање на дизајнирани изјави
- Промоција преку социјалните платформи на Отворена Порта (фејсбук и инстаграм) и на популарни веб портали.
- Комуникација со проектниот тим на Отворена Порта.
- Извештај за резултатите на гледаност и промоција.
Проценети трошоци
Максималниот износ со кој што можете да аплицирате е 3000 евра во денарска противвредност.
Кандидатот/те ќе бидат избрани врз основа на искуството и пристапот “најдобра вредност за парите”. Таа / тој ќе се плаќа по успешното завршување на задачите и доставување на испораките.
Отворена порта го задржува правото да го задржи целиот или дел од плаќањето, ако работата е незадоволителна, ако работата / резултатите се нецелосни, не се испорачани или не се исполнети роковите.
Временска рамка на склучениот договор
Времетраењето на договорот започнува од денот на склучување на договорот до 21.02.2021.
Кампањата ќе биде поделена на 2 дела:
- Креирање и промоција на првите 3 видеа и дизајнирани изјави
- Креирање и промоција на видеото за Социјалната Академија (датум сеуште не е познат)
Сопственост
Продуктот( видеото) кои ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Отворена Порта. Добавувачот се согласува да не го користи продуктот надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Отворена Порта.
Како да аплицираш
Сите заинтересирани кандидати треба да достават кратка биографија (CV) – доколку аплицира индивидуа или минато искуство на агенцијата доколку аплицира агенција и очекуван буџет за подготовка на видеа и кампања за социјалните медиуми и нивна едномесечна промоција. Пожелно е буџетот да биде раздвоен по еинечни ставки.
Апликациите да се достават на: stojne@lastrada.org.mk; jana@lastrada.org.mk до: 23.06.2020.
Со назнака“ Апликација за изработка на видео и кампања за социјалните медиуми – ИРИС Мрежа“.
За сите дополнителни прашања околу повикот можете да не контактирате преку меил или на 071 324 692
Отворена Порта обезбедува еднакви можности и фер и правичен третман при вработување/ангажирање на сите луѓе без оглед на раса, религија, пол, националност, возраст, политичка припадност, брачен статус или сексуална ориентација.