Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе во рамките на проектот „Превенција од трговија со луѓе со цел трудова експлоатација- Можност или експлоатација” објавува повик за изработка на кратки видеа кои ќе бидат дел од медиумска кампања. Реализацијата на проектот е овозжена од Европската унија и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција – “Хоризонтални инструменти за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facilities II) 2019-2022 година.
За Кампањата
Трговијата со луѓе е сериозен и комплексен проблем и една од растечките форми на организиран криминал на глобално ниво. Процесот на трговија со луѓе подразбира експлоатација на човечкото тело и труд, кршење на основните човекови права – од ограничување на слободата и движењето, до насилство и злоупотреба. Република Северна Македонија служи како земја на транзит и дестинација за жртви на трговија со луѓе. За жал, таа е исто така и земја на потекло. Постојат случаи на т.н. „внатрешна“ трговија со луѓе, македонски државјани се тргувани во рамките на земјата и тоа најчесто деца. Старосната граница на жртвите е драстично намалена и најчесто жртвите се на возраст меѓу 13 и 17 години.
Трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација е една од честите форми на трговија со луѓе во Северна Македонија и на глобално ниво. Со цел да се намали ризикот од трговија со луѓе заради трудова експлоатација, Отворена Порта ќе работи кон подигање на јавната свеста за заштита од трговија со луѓе.
Една од целите на акцијата ќе биде информирање и подигање на јавната свест кај младите за нивната изложеност кон лажни вести на интернет со посебен акцент на огласи за работа и сезонска работа во земјата и во странство.
Видеа
Избраниот понудувач ќе има задача да изготви најмалку 4 кратки видеа – кои ќе бидат креативни идејни решенија за прикажување на опасноста на несигурните огласи, огласите за сезонска работа, огласите за работа во странство итн. како канали преку кои се волвекуваат луѓето во ланецот на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Покрај прикажување на начините на вовлекување во трговијата со луѓе видеата ќе имаат за цел да ја информираат јавноста за превентивните мерки кои што треба да ги превземат со цел нивна заштита.
Максимално времетраење на едно видео е потребно да изнесува 2 минути во целосна HD резолуција, погодна за споделување на социјални медиуми.
Видеата е потребно да содржат креативни решенија, илустрации, анимации – во зависност од изборот на креаторот – кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе го прикажат проблемот на трудова експлоатација кај јавноста и младите.
Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим.
Опсег на работа и клучни задачи
- Разработка на креативен и идеен концепт – во соработка со тимот на Отворена Порта;
- Снимање на видеото.
- Монтирање и постпродукција на снимениот материјал.
- Презентација на видеото.
- Превод на видеото
- Комуникација со проектниот тим на Отворена Порта
Квалификации
- Кандидатите на овој повик можат да се пријават како индивидуалци или како тим.
- Искуство во подготовка (претходно спроведени) видеа.
- Како предност ќе се смета искуство во претходна подготовка на видеа во секторот на човекови права.
Временска рамка
- Отпочнување на координација со проектниот тим на Отворена Порта до 04.05.2020.
- Доставување на пред финален производ до 29.05.2020.
- Доставување на финален производ со вклучени сугестии од проектниот тим на Отворена Порта до 10.06.2020.
Проценети трошоци
Кандидатот/те ќе бидат избрани врз основа на пристапот “најдобра вредност за парите”. Таа / тој ќе се плаќа по успешното завршување на задачите и доставување на испораките.
Отворена порта го задржува правото да го задржи целиот или дел од плаќањето, ако работата е незадоволителна, ако работата / резултатите се нецелосни, не се испорачани или не се исполнети роковите.
Сопственост
Продуктот( видеото) кои ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Отворена Порта. Добавувачот се согласува да не го користи продуктот адвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Отворена Порта.
Како да аплицираш
Сите заинтересирани кандидати треба да достават кратка биографија, нацрт сценарио и очекуван буџет на: stojne@lastrada.org.mk; jana@lastrada.org.mk до: 01.05.2020 со назнакa “Апликација за изработка на видео – Трудова Експлоатација“.
Доколку имате прашања во врска со темата, контекстот, начинот на аплицирање или било што околу повикот контактирајте не на 071 324 692 или на горенаведените меил адреси.
„Хоризонтални инструменти за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ е заедничка иницијатива на Европската унија и Советот на Европа која им овозможува на корисниците да ги исполнат своите агенди за реформи во областа на човековите права, владеење на правото и демократијата и во согласност со европските стандарди, вклучително и кога е соодветно во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Оваа тригодишна програма опфаќа активности во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција, како и Косово * и ја спроведува Советот на Европа од мај 2019 година.
* Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата на ОН 1244 и Мислењето на МСП за косовската декларација за независност.
Овој повик е изработен со заеднички средства од Европската Унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истиот го одразуваат мислењето на Советот на Европа или на Европската Унија.