Оглас за ангажирање на лице за часови по македонски јазик

Оглас за ангажирање на лице за часови по македонски јазик

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта/Ла Страда е здружение кое 23 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка како и на застапување на жртвите од трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во регионот е дел од Интернационалната асоцијација Ла Страда која е европска НВО мрежа против трговија со луѓе. Здружението Отворена Порта/ Ла Страда ги застапува жртвите на трговија со луѓе и има активна улога во креирање на национални политики.

Отворена порта не е само организација туку движење кое им дава глас на најранливите.

 

Опис на работата:

Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за наставник/чка по македонски јазик во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 12 август до 31 декември 2024 година.

Наставникот/чката, во тесна координација и соработка со проектниот координатор, ќе биде одговорен да ги поддржи и да одговори на сите оперативни и административни работи поврзани со проектните активности. Имено, наставникот/чката ќе биде одговорен да помогне во реализација на сите активности организирани во и надвор од ПЦ. Наставникот/чката ќе биде со работно место во ПЦ. Поспецифично работните обврски на наставникот/чката се следните:

  • Развивање на планови за настава со прилагодени наставни методи и материјали кои ги задоволуваат специфичните потреби на барателите на азил.
  • Спроведување на индивидуални и групни часови приспособени на различното темпо на учење и потребите на барателите на азил.
  • Следење на јазичниот напредок на учениците, обезбедувајќи редовни повратни информации.
  • Негување на позитивна и инклузивна средина која поттикнува активно учество и учење.
  • Доверливот и дискреција при третирањето на случите и информациите добиени во текот на часовите.
  • Помош во мобилизација и организација на барателите на азил со цел нивен активен ангажман во активости насочени кон зајакнување на нивните капацитети и активности кои промовираат јазична практика и културна размена.
  • Подготовка на извештаи за споведените часови и напредокот на учениците.
  • Помош и поддршка на координаторот на проектот и социјалниот работник во организирање и обезбедување на активности насочени кон градење на капацитетите на барателите на азил.
  • Блиска соработка и координација за сите активности со координаторот на проектот, тимот на Отворена Порта и релевантниот персонал на прифатниот центар.
  • Секоја друга должност што може да ја бара координаторот на проектот.

 

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование (Професор по одделенска настава / Професор по македонски јазик);
  • Најмалку 5 годишно професионално искуство;
  • Најмалку 2 годишно работно искуство со ранлива категорија, маргинализирани групи, бегалци и мигранти;
  • Основни познавања на Microsoft Оffice;
  • Солидни познавања на англискиот јазик;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

Основната бруто плата изнесува 20,000,00 денари. Ангажманот е за пола работно време, односно 50% од вкупните работни часови во месецот.

Поднесување апликации најдоцна до 08 август до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за наставник/чка по македонски јазик“ за проектот „Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“.  Интервјуто со кандидатите ќе се реализира на 09.08.2024 год. Кандидатот/ката потребно е да приложи:

  • Биографија на македонски јазик,
  • Писмо за мотивација на македонски јазик,
  • Потврда за завршено високо образование и
  • Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

Отворена Порта/Ла Страда гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус,  бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.