ЈАВЕН ПОВИК за изработка на модул за обука на учесниците на системот на социјална заштита за теми за заштита на децата регулирани со меѓународнидокументи

Отворена Порта е во потрага по лице кое ќе е ангажирано за изработка на модул за обука на учесниците на системот на социјална заштита за теми за заштита на децата регулирани со меѓународни документи.

Оваа активност е дел од проект на УНХЦР.

ОБВРСКИ: Избраното лице на јавниот повик има обврска да:

  • Развие модул за обука на учесниците во системот на социјална заштита за теми за заштита на децата регулирани со меѓународни документи
  • Изработи Прирачник за обучувачи за спроведување на обука
  • Изработи Прирачник за учесници на обука
  • Презентација на материјали (работилница) за давателите на услуги
  • Подготви дидактички материјал за учење од далечина преку онлајн дигитална платформа.

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА: Експертот се очекува да започне со работа во септември 2022 година и да заврши со задача во ноември 2022 година.

Теренското истражување и состаноците поврзани со јавниот повик се лоцирани во Скопје.

ПРАВО НА УЧЕСТВО: Право на учество на јавниот повик имаат сите лица кои: се стекнати со универзитетска диплома од општествени науки (повисоки степени ќе се сметаат за предност), имаат одлично познавање на концептите за развивање на програми и обуки (модули) и дидактичко обликување на наставата, имаат одлично познавање од областа на меѓународни документи за одредени области на заштита на децата,  имаат искуство стекнато во соработка со меѓународни организации, имаат искуство стекнато во изработка на слични прирачници, публикации, модули, итн.

НАПОМЕНА: Лица тековно ангажирани и платени од страна на УНХЦР и/или Министерството за труд и социјална политика не ги исполнуваат критериумите за аплицирање на јавниот повик.

Сите дополнителни информации и инструкции за пријавување можете да ги најдете тука.