Во рамките на проектот “Создавање на поволна безбедна средина“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за социјален работник со целосно работно време во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 15.08 до 31.12.2022 со можност за продолжување на ангажманот во текот на 2023 година.
Огласот можете да го погледнете на следниов линк: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК
Поднесување апликации најдоцна до 9 август.2022 до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за социјален работник“ за проектот “Создавање на поволна безбедна средина“.