Отворена Порта објавува ЈАВЕН ПОВИК за изработка на модул за обука на учесниците во системот на социјална заштита за правата на лица од закон за меѓународна и привремена заштита.
ОБВРСКИ: Избраното лице на јавниот повик има обврска да:
- Развие модул за обука на учесниците во системот на социјална заштита за правата на лица од Закон за меѓународна и привремена заштита
- Изработи Прирачник за обучувачи за спроведување на обука
- Изработи Прирачник за учесници на обука
- Спроведување на една обука за тренерите (ТОТ)
- Подготви дидактички материјал за учење од далечина преку онлајн дигитална платформа.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА: Експертот за развој на Модул за обука за азил и меѓународна заштита се очекува да започне со работа во септември 2022 година и да заврши со задача во ноември 2022 година.
Теренското истражување и состаноците поврзани со јавниот повик се лоцирани во Скопје.
ПРАВО НА УЧЕСТВО: Право на учество на јавниот повик имаат сите лица кои: се стекнати со универзитетска диплома од општествени науки (повисоки степени ќе се сметаат за предност), имаат одлично познавање на концептите за развивање на програми и обуки (модули) и дидактичко обликување на наставата, пожелно е да имаат познавање од областа на азил, миграција и интеграција на бегалците, поседуваат сертификати за поминати обуки во областа, имаат искуство стекнато во соработка со меѓународни организации, имаат искуство стекнато во изработка на слични прирачници, публикации, модули.
НАПОМЕНА: Лица тековно ангажирани и платени од страна на УНХЦР и/или Министерството за труд и социјална политика не ги исполнуваат критериумите за аплицирање на јавниот повик.
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање можете да најдете тука.