Изјава од Ла Страда Интернационал за првиот Светски Ден за борба против трговија со луѓе
На денешен ден 30 јули, се одбелжува Светскиот Ден за борба против трговија со луѓе: Генералното Собрание на Обединетите Нации го назначи овој ден како “подигање на свеста за ситуацијата на жртвите на трговија со луѓе и за промоција и заштита на нивните права”.
Обединетите Нации ги поттикнуваат сите луѓе низ светот да ја изразат својата солидарност и заедно со милионите жртви на трговија со луѓе да се вклучат на #igivehope campaign, преку социјалните мрежи и правејќи го тоа, симболично да им се даде надеж на милионите тргувани лица која им е одземена од страна на трговците.
Ла Страда Интернационал (LSI)го поздравува овој прв Светски Ден за борба против трговијата со луѓе на Обединетите Нации и е задоволна што фокусот на денешниот ден е насочен кон ситуацијата на тргуваните лица. Не само што нивната надеж беше одземена најважно, тие беа лишени од нивните основни права. Човековите права на луѓето кои беа тргувани се нарушени на повисока скала. Првенствено од страна на тие што ги експлоатираат и малтертираат, но иронијата е во тоа што истото им се случува и од страна на владите кои што треба да ги заштитуваат.
Лицата кои беа тргувани имаат права на заштита и поддршка, во согласност со основните човекови права и заедничко со законодавството за борба против трговијата со луѓе како што се Палермо Протоколот при Обединетите Нации, Советот на Европската Конвенција за борба против трговијата со луѓе и ЕУ Директивата за заштита и борба против трговијата со луѓе како и заштита на жртвите. Тоа се следните права : пристап до прифатилиште и основна заштита, рефлектирање пред сведочење, пристап до бесплатна правна помош, привремен престој, финансиски надомест за направената штета и не исплатените плати и не казнување на стореното дело како резултат на тргувањето.
Овие права ќе им помагаат на тргуваните лица да закрепнат и да им дадат можност да го обноват својот живот. За жал правата на тргуваните лица често се непочитувани и ги ставаат во ранлива позиција за можност од нивно повторно тргување. Постои голем јаз помеѓу правата на жртвите на трговија со луѓе кои се назначени на хартија и нивните права кои се гарантирани во пракса.
Ла Страда Интернационал(LSI) НВО платформна кампања One Story Two Outcomes кој беше лансирана за денот на Човековите Права во декември 2013 година, се повикува за целосна имплементација на законската легислатива за борба против трговијата со луѓе во врска со промоцијата и заштитата на правата на тргуваните лица. Кампањата ја кажува приказната за Ана, жена која беше ослободена од страна на полицијата откако беше експлоатирана од страна на нејзиниот работодавец. Тоа што на нејзе и се има случено, отсликува што значи за една индивидуа кога нејзините права не се почитуват и што се случува кога се почитуваат.
Денес на овој прв Светски Ден во борбата против трговијата со луѓе, Ла Страда Интернационал (LSI) ги повикува сите оние кои сакаат да ја покажат својата солидарност со тргуваните лица да ги повикаат своите влади да го направат она кон што се обврзале во согласнот со меѓународните легислативи: почитување и промовирање на правата на тргуваните лица и да им се даде можност да ги обноват своите животи.