ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНСКА/ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА Станете дел од нашата мисија и придонесете за подобро општество!

Станете дел од нашата мисија и придонесете за подобро општество!

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта објавува оглас за ангажирање на млади во практиканска/волонтерска работа која  ќе се изведува во времетраење од 32 часа месечно и ќе трае 3 месеци.

Локација на позицијата: Централна канцеларија на Отворена порта/ Прифатилиште/ теренска работа.

Профил на волонтер-ки /практикант-ки:

предност ќе имаат студенти-ки од четврта година на факултет или  дипломирани

  • Социјални работници
  • Психолози
  • Правници
  • или други хуманистички области

Траење и обем на практикантската работа:

  • Времетраење: 3 месеци
  • Работно време: 32 часа месечно

Начин на аплицирање: Заинтересираните кандидати треба да испратат мотивациско писмо и кратка биографија најдоцна до 04. ноември. 2024, на адреса: kontakt@lastrada.org.mk, со назнака: Оглас за практиканска/волонтерска работа.  Целиот оглас може да го проследите на следниов линк: ОГЛАС ЗА ВОЛОНТЕРИ 1