Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за арт терапевт во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 08 август до 31 декември 2024 година.
Арт терапевтот, во тесна координација и соработка со проектниот координатор, ќе биде одговорен за спроведување на вкупно 25 работилници со времетраење од 4 часа.
Бруто плата по сесија изнесува 4,120,00 денари. Работното време е 4 часа по сесија.
Поднесување апликации најдоцна до 02 август до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за арт терапевт“ за проектот „Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“. Кандидатот/ката потребно е да приложи:
- Биографија на македонски јазик,
- Писмо за мотивација на македонски јазик,
- Потврда за завршено образование, сертификати или лиценци
- Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
Целопт оглас на следниов линк Оглас за арт терапевт (002)