Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за едукатор со целосно работно време во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 01.08 до 31.12.2024 со можност за продолжување на ангажманот во текот на 2025 година.
Поднесување апликации најдоцна до 26 јули до 16.00 часот на kontakt@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за едукатор“ за проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби “. Кандидатот/ката потребно е да приложи:
- Биографија на македонски јазик,
- Писмо за мотивација на македонски јазик,
- Потврда за завршено високо образование и
- Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт-податоци од раководните лица од претходните работни места, телефонски број и електронска адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
Целиот оглас во прилог на следниов линк:
Нов оглас за едукатор Визбегово