Оглас за привремено ангажирање на психолог, социјален работник и педагог

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта објавува ОГЛАС за привремено ангажирање на Психолог, Социјален работник и Педагог за обезбедување на структурна поддршка на деца и млади како дел од проектот „Обезбедување на структурирана поддршка преку простори погодни за деца и млади и обезбедување на целни услуги за заштита“.

За организацијата
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе-Отворена Порта/Ла Страда Македонија е национална невладина организација, целосно посветена на борбата против трговија со луѓе. Регистрирана во 2000 година, а денес препознаена како лидер организација во сузбивање на овој проблем и релевантен партнер на институциите и организациите како на национално така и на меѓународно ниво. Од своето основање па до денес Отворена Порта сеопфатно го третира проблемот на трговијата со луѓе и активно учествува во градењето на политики и стратегии со цел намалување на бројот на жртвите од трговија со луѓе и обезбедување подобар третман за тргуваните лица. Организацијата обезбедува широк спектар на директни теренски услуги за тргуваните лица, барателите на азил, мигрантите и бегалците, евакуирани лица, фокусирајќи се на најранливите како жртви на насилство, деца, малолетници без придружба, жени и др.

Опис на работата:
Психологот ќе пружа психосоцијална поддршка на родителите и децата за одржување на нивното ментално здравје
Социјалниот работник на проектот ќе биде одговорен за поддршка на децата и младите, со цел намалување или отстранување на ризиците со кои се соочуваат.
Педагогот ќе биде одговорен за спроведување на неформално образовни активности со деца и млади.
Главни задачи:
• Обезбедување структурирана психо-социјална поддршка
• Заштита на деца
• Неформално образование
• Целни активности за различни возрасни групи вклучувајќи деца од предучилишна возраст, деца на училишна возраст и млади

Квалификации:
∙ Завршено високо образование и стекнато звање психолог, социјален работник и педагог; ∙ Искуство во работа како психолог, социјален работник или педагог од најмалку една години;
∙ Спремност за работа со лица евакуирани, бегалци, мигранти и баратели на азил

∙ Искуството во работење со млади лица и/или ранливи категории ќе се смета за предност; ∙ Лиценца за стручен работник, ќе се смета за предност ;
∙ Познавање на детските и човековите права.
Општи очекувања од успешниот кандидат
• Да биде доверлива личност и да се придржува кон политиките и кодексот на однесување на организацијата ;
• Да има сензибилитет за работа со ранлива категорија на лица ;
• Да има разбирање и/или искуство за препознавање на ризици и предизвици со ранливи категории во адолесцентна возраст ;
• Да поседува мотивација и емпатија за работа со ранливи категории.

Вештини:
• Вештини за тимско работење;
• Комуникациски вештини;
• Познавање на MS Office пакетот ;
• Вештини за онлајн работење (користење платформи за онлајн комуникација) ; • Валидна возачка дозвола Б категорија ;
• Солидно знаење на англиски јазик.

Работни услови:
Работно време од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот;
Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 01.02.2022 година на e-mail: kontakt@lastrada.org.mk, со назнака “Пријава за оглас за привремено ангажирање“. Соодветните кандидати ќе бидат повикани на интервју.