ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена Порта/Ла Страда објавува повик за изработка на краток документарен филм за правата на жртвите на трговија со луѓе.

 

Цел на активноста  

Изработка на еден(1) документарен филм со траење до 15 минути за правата на жртвите на трговија со луѓе. Целта е подобро информирање на јавноста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат жртвите на трговија со луѓе.

Документарниот филм треба да ги претстави состојбите на жртвите на трговија со луѓе и нивните права во кој ќе се опфатат приказни од жртви на сексуална и трудова експлоатација.

Потребно е да  вклучи и кратки интервјуа со претставници од институции и  организации и други чинители  за ситуацијата со трговијата со луѓе во земјата и системот на поддршка на жртвите.

Документарниот филмот треба да е едукативен и инспиративен и да упати порака за правата на жртвите и потребно е да биде прилагоден во соодветни формати за да може да се споделува на социјални медиуми и да може да се емитува на телевизија.

Дополнително на 18 октомври, Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, Отворена Порта – Ла Страда ќе прави јавна промоција на документарецот, и јавна дебата на која ќе учествуваат претставници од национални и меѓународни институции и организации.

 

Потребна документација за аплицирање и критериуми за апликантите

 

Во рамките на овој повик треба да се испрати понуда коja вклучува изработка на следнотo:

  1. Програмска спецификација– план за подготовка на документарниот филм и временска рамка на предложените активности која треба да содржи:
  • Предлог сценарио но во основа да содржи случаи за жртви на сексуална и трудова експлоатација.
  • Порака за застапување за правата на жртвите на трговија со луѓе.
  • Предлог за промоција на филмот и соработка со медиумите
  1. Техничка спецификација:
  • Изготвувачот е одговорен за едитиирање, синхронизирање, специјални ефекти, графичка анимација, превод, музика итн.
  • Местата и локацијата вклучени во документарниот филм ќе бидат одредени во консултација со барателот на услугата, во случајот Отворена Порта/Ла Страда.
  • Оригинална верзија на македонски јазик со превод на англиски, албански и ромски јазик
  • Финансиски предлог за подготовка на документарецот во сума не поголема од 4000 евра во денарска противвредност.
  1. За понудувачот:
  • Кратка биографија на тимот/техничкиот персонал, ангажиран за подготовка на документарниот филм
  • Историја на продукција на документарни филмови.
  • Способност за ефективна примена на високи производствени и технички стандарди со цел одржување на високи нивоа на професионализам.

 

Задачи

Избраната компанија/консултанти ќе треба да ги изработи следниве задачи:

  1. Да предложи креативно сценарио кое ќе ги претстави состојбите на жртвите на трговија со луѓе и нивните права;
  2. Да подготви и достави нацрт видео содржина за одобрување од страна на Отворена Порта;
  3. Да ги интегрира насоките и забелешките од Отворена Порта во крајната верзија на видео документарецот;
  4. Да изработи комплетна видео продукција и постпродукција на документарниот филм, (со камера, дрон, микрофон, аудио продукција) во времетраење до 15 минути со вклучени титлови (телопи) на македонски, англиски, албански и ромски  јазик;
  5. Да го предаде краткиот документарен филм во соодветен формат (висока дефиниција 1080 HD и верзија за споделување на социјални медиуми) во договорениот рок;
  6. Презентација и промовирање на филмот.

 

Временска рамка и вредност на договорот

Времето на изработка на видео содржината е 1 (еден) месец по потпишување на договорот. Вкупната бруто вредноста на договорот не може да надмине 4.000 евра во денарска противвредност.

  • Координативни состаноци и почеток со работа до 15 август 2022.
  • Достава на пред-финална верзија до 15 септември 2022.
  • Достава на финален продукт со вклучени коментари до 30 септември 2022.
  • Промоцијата е предвидена од 18 октомври до 30 ноември 2022.

 

Аплицирање и останати информации

На повикот може да се пријават правни и физички лица. Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма. Компанијата/организацијата која аплицира мора да биде регистрирана за вршење на дејност во Централниот регистар на РСМ.

 

Начин и рок на аплицирање

Понудите треба да се достават по електронски пат на kontakt@lastrada.org.mk  најдоцна до 7 август 2022 година, со назнака “Апликација за изработка на краток документарен филм “ За  повеќе информации и прашања на lastrada@lastrada.org.mk или 070367635.

 

Процедура за избор

Отворена Порта ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Отворена Порта се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.ПОВИК ЗА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ