Денеска во Скопје се оддржа работен состанок на тема превенција од насилен екстремизам и поттикнување на мирни и инклузивни општества, на кој учествуваа претставници од општините Куманово, Кисела Вода и Гази Баба.
Настанот е дел од проектот “Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Р.С Македонија”, финансиран од ЕУ, спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – “Отворена порта/Ла Страда” и Здружението за поддршка и развој – “Хуманост” во соработка со општините.
На работната средба беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општините, Отворена порта и Хуманост, со што се официјализираа нивните заложби за мирни и инклузивни општества, односно спречување на сите облици на насилство.
Овој заеднички напор ја нагласува посветеноста на овие заедници за ефикасна борба против насилниот екстремизам и промовирање на побезбедна средина за нивните жители.




