Превенција од трговија со деца преку обработка на едукативен филм Набљудувачи

Отворена Порта спроведе низа на работилници во 12 средни училишта во Скопје и Куманово, каде младите- средношколци имаа можност да го проследат филмот „Набљудувачи“ и да дискутираат на тема превенција од трговија со луѓе.
Филмот набљудувачи е 36 минутен филм , снимен во форма на колаж, кој се состои од 3 различни приказни за трговија со деца и млади. Филмот е од едукативен карактер и во последните секвенции од приказната се прикажува еден од многуте начини на конструктивно разрешавање на ситуацијата во кое се нашло детето/младата личност , и којашто не би довела до искуство со трговија со луѓе.
Низ овој пристап на анализа на филмот со учениците, се испраќа јасна порака дека некои различни ситуации во кој може да се најде било која млада личност, кој се дел од секојдневниот живот, можат да доведат до позитивни или негативни искуства , зависно од начинот на кој реагираат сите клучни актери во таа ситуација(семејството, младите, заедницата, стручниот персонал од училиштата, наставниците) кои се грижат за благосостојбата на детето.
Преку гледањето на филмот и дискусија со учениците се овозможува да се разбере сложеноста на феноменот на трговија со луѓе и да се согледаат можните начини за заштита и намалување на ризикот од трговија со деца.
Активностите беа организирани во партнерство со Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.
Превенција од трговија со деца преку обработка на едукативен филм Набљудувачи.

За да го погледнете филмот ве молиме отворете го следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Thb6Ccot9as