Во чест на одбележување на меѓународниот ден за борбата против насилен екстремизам за првпат поставен од ООН.
На 13.02.2023 година Отворена Порта оддржа презентација на крајните резултати од „Истражување за социоекономскиот контекст за радикализација и насилен екстремизам во целните општини“.
Настанот го отворија програмската директорка на Отворена порта, Марија Тодоровска заедно со Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски кои заедно дадоа осврт на важноста од меѓународни и национални напори за спречување на проблемот со насилниот екстремизам.
Националниот Координатор ја поздрави иницијативата за спроведување на вакви истражувања и соработката со научните институции, ја истакна важноста на социоекономскиот контекст во однос на радикализацијата и насилниот есктремизам, важноста на медиумите во креирањето на јавното мислење како и соработката со граѓанските организации, верските и локалните заедници.
Истражувачкиот тим, ги презентираа согледувањата и крајните резултати од истражувањето на присутните. Како еден од најважните заклучоци беше дека локалните заедници сè уште немаат изградено отпорност за идентификување и спречување насилен екстремизам и треба да ги зајакнат своите напори во однос на четири аспекти: адресирање на ранливоста на локалната заедница, капацитетите и издржливоста на локалната заедница, поддршка на ранливите групи и рехабилитација и реинтеграција.
По презентацијата на истражувањето следеше дискусија со присутните кадешто земаа учество невладини организации, институции, професори меѓу кои и претставници од Руфаиското теќе во Скопје.
Извештајот од истражувањето може да го прочитате на следниов линк.